Активности на училиштето во рамките на манифестацијата
ОБРАЗОВЕН САЕМ, 6 - 8 АПРИЛ, 2006
На Образовниот саем во рамките на САЕ проектот, Компонента за стручно усовршување на наставниците во делот на презентации и работилници обучувачите Рада Мазганска, Снежана Давчевска и Татијана Стаменов одржаа презентација на тема „Нашиот пат кон успехот“.
На Образовниот саем на натправарот организиран од СЕА проектот во категорија најдобра web страница на училиште учество зема ученикот Георгиев Добривое II4 клас.
Учениците Алексовски Бобан од II4 клас и Васев Томи од III8 клас земаа учество во натпреварот во категорија најдобра web страница на реална компанија.
Во категоријата најдобра видео раклама на училиште се натпреваруваше ученикот Васев Томи од III8 клас, а во категоријата најдобро видео за училишни компании - реална компанија се натпреваруваа Алексовски Бобан од II4 клас и Васев Томи од III8 клас.
Линкови до постерите кои беа испратени на натпреварот во категориите: најдобар постер на училиштето, најдобар постер на младинската организација и најдобар постер на реалната компанија. На натпреварот во категорија - цртање на карактери, прво место освои ученикот Александар Пешевски од IV6.
Во рамките на Образовниот саем се одржа и Конститутивна седница на Националниот одбор на Младинската организација на која беа избрани делегати по одделни струки. Кандидати од СУГС „Браќа Миладиновци“се: 1. Кандидат за национален лидер - Шикоски Бојан од III5. 2. Кандидат за член во национален одбор - Петковска Елена од III8. 3. Делегат во одборот - Мирковиќ Радмила од IV9. Ученичката Ангелеска Симона и нејзиниот ментор проф. Петковска Силвана се прогласени за почесни членови на одборот како резултат на нивното активно учество во организацијата и како учесници во студискиот престој во САД.
Ученикот Милан Дамчевски од III5 за својата работа во интернационалниот проектот „Образование за сите“ (Learning4all) е награден со сертификат и медал за успешно изработен труд. „Образование за сите“ претставува прв интернационален проект во кој земаа учество по еден талентиран ученик и неговиот ментор од вкупно 12 земји од светот. Ученикот Милан Дамчевски под менторство на проф. Рада Мазганска работеше на темата „Дали процесот на глобализација ќе обезбеди еднаквиот пристап до образованието за сите или ќе го продлабочи јазот меѓу луѓето“. (http://www.imor.org.mk/Programmes/learning4allpu3/default.html)
American Corner Skopje во соработка со ELTAM на тема „Women: Builders of Communities and Dreams“ организираше натпревар по англиски јазик во повеќе категории: есеј, драма, поезија, интервју со жена од општествениот живот или изработка на WEB страна на дадената тема. На овој натпревар ученикот од Средното училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“, Марјан Стојановски под менторство на проф. по англиски јазик Катерина Ристовска ја освои првата награда во сите категории. Свечената церемонија по повод доделувањето на наградите се одржа на 29.03.2006 г. во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во која прилика ученикот беше награден со сет од книги на англиски јазик и му беше доделен сертификат за постигнатиот успех на натпреварот. Добитниците на наградите се здобија со постојано членство во American Corner Skopje.
|