СУГС ''БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ'' СКОПЈЕ
  Интерактивна Мрежа
 
Учениците активно се вклучени и во проекти кои ги спроведува здружението на граѓани „Интерактивна мрежа за образование и ресурси“, ИМОР. Проектите се подготвуваат во компјутерската училница каја ја опреми здружението. Овие проекти ги оспособуваат учениците во духот на меѓукултурното разбирање и соработка, граѓанско општество и демократија. Од многуте проекти во кои учествуваат учениците најзначаен успех постигнаа проектите „Градиме мостови преку граници“ (Building Bridges Over Borders) и „Младите имаат збор против тероризмот“ (Youth Have A Say Against Terrorism). Проектот „Градиме мостови преку граници“ е спроведен во соработка на младите од Македонија и Албанија и претставува допринос кон процесите за интеграција на младите од регионот. Овој проект постигне значајни резултати на меѓународно ниво: Финалист во категорија на образование на Stockholm Challenge Awards, Stockholm, (www.challenge.stockholm.se/finalevent) Финалист во категорија на млади до 18 години на Global Junior Challenge, Rome, (www.gjc.it/2002/en/finalisti.asp) Финалист во категоријата New to the Net at Child Net Awards, London, (www.childnetawards.org) Проектот „Младите имаат збор против тероризмот“ претставува соработка на младите од Македонија, Албанија и Провинцијата Косово која придонесе до подигање на свеста кај младите за проблемите кои може да ги создаде тероризмот и зајакнување на интеретничкиот дијалог во регионот. Проектот ја освои првата награда на меѓународниот натпревар во Рим 2004 година, Global Junior Challenge, (http://gjc.gioventudigitale.net/2004/en/wCateg18.asp), во категорија за млади до 18 години. По тој повод Претседателот на Република Македонија, госп. Бранко Црвенковски, ги прими учениците во неговиот кабинет.

brane.gif

Во текот на првото полугодие на учебната 2005/2006 година учениците од ДУСО „Браќа Миладиновци“ активно се вклучија во работата на проектот „Млади, Е-дукација, Граѓанско општество“. Во рамките на проектот учениците ги истражуваа темите на проектот и собираа соодветни информации преку пребарување на интернет и директно на терен во соодветните институции и организации. Голем број од информациите имаа можност да ги добијат од прва рака правејќи интервјуа со лица од бизнис секторот, медиумите, невладиниот сектор и лица на одговорни функции во државата. Структурата и начинот на функционирање на институциите во државата како и актуелните проблеми со кои таа се соочува денес ги дискутираа на интервјуата направени со Потпаролот на Владата на Република Македонија, госп. Сашо Чолаковски, Пратеничката во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Благородна Мингова Крепиева, Советникот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, госп. Игор Ивановски и Пратеничката во Собранието на Република Македонија, г-ѓица Славица Грковска. Овие интрвјуа се снимени на ЦД.

Следат слики од интервјуата со: Потпаролот на Владата на Р. М. госп. Сашо Чолаковски и Советникот во Кабинетот на Претседателот, госп. Игор Ивановски.

colak.jpg ivanovski.jpg

Овие активности им помогнаа на учениците да се подготват за активно вклучување во збиднувањата во општеството што беше една од целите на проектот. Во текот на второто полугодие од учебната 2005/2006 година учениците работата на проектот „Локалната самоуправа во твојата заедница“. Општа цел на проектот е да даде допринос во развојот на автономни и морално компетентни млади личности со демократска ориентација кои се способни да партиципираат во заедницата. Во реализација на проектот се користат две методологии: учење преку интернет и учење преку заедница.
 
 
   
 
This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free