СУГС ''БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ'' СКОПЈЕ
  Формирање и развој
 

Училиштето е основано како Гимназија „Браќа Миладиновци” од Собранието на Општина Драчево на XIV-та заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на Работните заедници одржан на 01.06.1964 година. Дејноста на Гимназијата е верифицирана со акт бр. 11-139/1 од Секретарјатот за образование и наука- Скопје. Наставата во училиштето започна на 01.10.1964 година со 85 ученици распоредени во 3 паралелки. Потребите од средно образование во населбата Драчево доведе до постојано зголемување на бројот на ученици , а со тоа се зголеми и бројот на професорите и техничкиот персонал. Од учебната 1982/83 година во средното образование на СРМ се воведоа нови наставни планови и програми , односно започна реализацијата на концептот за средно насочено образование. Денес училиштето е верифицирано како Државно училиште за средно образование “Браќа Миладиновци” во кое се изучуваат следните образовни профили:

   Гимназиско образование

 Земјоделско – ветеринарна струка: техничар за фармерско производство, техничар за хортикултура, лозарско – винарски техничар, ветеринарен техничар. СУГС „Браќа Миладиновци“ брои вкупно 975 ученици распоредени во 35 паралелки.О нив 14 паралелки припаѓаат на гимназиското образование,а 10 паралелки припааѓаат на ветеринарните техничари. Техничарите за фармерско производство се распоредени во седум паралелки. Три паралелки припаѓаат на техничарите за холтикултура, а од учебната 2005/06 за прв пат во една паралелка ќе се запишат и лозаро-винарски техничари.

 
   
 
This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free